Пролетните алергии кај децата добиваат епидемски размери

Секој втор пациент во детската болница во Козле е со алергија. Педијатрите предупредуваат дека овој здравствен проблем веќе има епидемиски размери. Децата покрај кивање и кашлање, стигнуваат кај нив и со опструкции на дишните патишта кога е неопходна и хоспитализација. Поленот овој период е една од главните причини за алергиски реакции кај најмладите. Според поленската карта која болницата ја прави заедно со УХМР, овој проблем е најзастапен во источна Македонија каде има голем број на дрва.

-Имаме зголемен број на деца со алергии и можам да кажам дека ова од година во година е во пораст. Доаѓаат со астматски опструкции, има алергии на храна, но бидејќи алергиите почнуваат рано, најмногу се со алергија на полен, вели Оливер Зафировски, директор на болницата за белодробни заболувања кај деца во Козле

Педијатрите предупредуваат дека ако алергијата навреме не биде дијагностицирана, може да предизвика сериозни компликации по здравјето кај децата.

-Не сум за лекови кај деца, но ако треба тогаш да и потребно е навреме родителите да побараат лекарска помош, вели Зафировски

Според статистичките податоци, во последните две децении тројно е зголемен бројот на деца со алергиски ринитис. Но од друга страна, сличноста со настинките ги збунува и родителите и матичните лекари.

Покрај алергиите, наглите временски промени овој период, според педијатрите е причина за зголемување на бројот на вирусни инфекции кај децата. 

 

Извор: сител.мк