Пролет во февруари - еве какво време не очекува деновиве

Времето ќе биде сончево и релативно топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Утринската температура ќе се движи од минус еден до четири степени, а дневната температура од 12 до 19 степени.

Во Скопје ќе биде сончево и релативно топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Утринската температура ќе достигне до минус два, а дневната температура до 14 степени.

До среда ќе се задржи сончево и топло време со мала до умерена облачност. Под влијание на влажен бран во среда кон крајот на денот и во четврток ќе настапи наоблачување со врнежи од дожд, а на планините и на некои повисоки места од снег. Ќе дува засилен ветер во среда од југозападен, а во четврток од северозападен правец. Дневната температура значително ќе се намали.