Проја со сирење и спанаќ

Состојки:
• 3 јајца
• 250 гр брашно
• 250 гр пченкарно брашно
• 250 мл јогурт
• 150 мл масло за јадење
• 250 гр спанаќ
• 250 гр сирење
• 1 прашок за печиво
• 1 лажичка сол
• сусам

Подготовка:
1. Спанаќот сварете го и ситно исечкајте го. Во пластичен сад изматете ги јајцата и додадете го маслото и јогуртот.

2. Во друг сад, брашното измешајте го со пченкарното брашно, прашокот за печиво и солта. Во смесата додадете ги изматените јајца и се мешајте се додека сè убаво не се соедини. Откако ќе се соедини, се додава сирењето (ситно издробено) и спанаќот и полека се промешува со виљушка.

3. Смесата се пече во калапи за проја или тава на која претходно сте ставиле хартија за печење (или сте премачкале со маргарин). По желба посипете со сусам и печете на 200 степени додека не зарумени, околу 25 минути.

air max 90 essential sale