Професија која станува луксуз - никој не сака да работи како продавач

Голем број на работни места им се нудат на невработените лица во земјава преку Агенцијата за вработување.

Денеска никој не сака да работи како продавач. Постојано има отворени нови работни места, но заинтересираноста е мала, а особено ако станува збор за продавач во прехрамбена индустрија. Големите супермаркети, бутиците низ градот, трафиките постојано бараат работници, но невработените некако тешко се одлучуваат за оваа работа. Велат, истата е многу тешка, но не е доволно ценета и платена. 

Газдите постојано се жалат дека секој ден се потешко наоѓаат работници.

Платите таму најчесто се минимални, а се работи многу. И на празник и на делник.