Проект Среќа: Добиваме барања за помош во храна, пелени, млеко

До Здружението за хумано – општествен развој „Проект среќа“ на естрадниот уметник, Кристина Арнаудова, секојдневно пристигнуваат барања за помош во храна, пелени, млеко…Таа вели дека во оваа кризна состојба најтешко им е на семејства со најмали примања.

– Многумина останаа и без примања. Деновиве делиме помош за 20-на семејства од цела земја благодарение на физички лица донатори и на градоначалникот на општина Центар, Саша Богдановиќ, бидејќи компании, маркети и дистрибутери на млеко пелени не одговорија на повикот. Праќаме барање и до поголемите компании за хуманитарна помош да видиме до каде сме во овие тешки времиња со човештината. На сите ни е тешко, сите сме заедно во оваа каша, но најтешко им е на оние на кои децата им бараат храна, а немаат да им дадат. Кој има желба да донира може да се пријави во секој момент – вели Арнаудова.