Проекција на „Три срца“ од Беноа Жако во Кинотека на Македонија

Филмот „Три срца“ од Беноа Жако вечер ќе биде прикажан во Кинотека на Македонија во рамки на Францускиот кино-клуб.

Главните улоги во ова филмско остарвување од 2014 година ги толкуваат Беноа Полворт, Шарлот Генсбур, Кјара Мастројани и француската филмска дива Катрин Денев.

Почетокот на проекцијата е во 20:00 часот.