Продолжува судењето за „Рекет“ со изведување докази

Во Кривичниот суд денеска треба да се одржи рочиште за предметот „Рекет“ во кој обвинети се Бојан Јовановски – Боки 13 и поранешната специјална обвинителка Катица Јанева за перење бари, односно за злоупотреба на службената положба.

На минатото судење судот ја исклучи јавноста, а се презентираа преостанатите три фолдери од усб-то на Зоран Милевски-Кичеец.

Судијката Васка Николовска-Масевска, одлуката ја образложи со тоа што го посочила обвинителката дека со јавното изведување ќе се наруши угледот на лица кои не се дел од овој кривично-правен настан.

Случајот се наоѓа во доказна постапка и го води судијката Васка Николовска-Масевска, а застапник на обвинението е Вилма Русковска.

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција во октомври минатата година поднесе обвинение против Бојан Јовановски, Катица Јанева и Зоран Милевски.

Првообвинетиот Јовановски се сомничи дека сторил кривично дело „перење пари и други приноси од казниво дело“ и за „примање награда за противзаконито влијание“. Второобвинетата Јанева се товари дека сторила кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“.

На првото рочиште за „Рекет“, што се одржа на 3-ти декември минатата година, третообвинетиот Зоран Милевски-Кичеец призна вина за делото „примање награда за противзаконито влијание“, по што беше осуден на три години затвор.