Продолжува поставувањето заштитни столпчиња на тротоарите во центарот

По налог на Град Скопје екипите на ЈП „Улици и патишта“ деновиве поставија заштитни столпчиња на тротоарот на улицата Свети Кирил и Методиј, пред објектот на поранешна НИП „Нова Македонија“.

На барање на граѓаните, за да се овозможи непречено движење на пешаците по оваа пешачка патека, на потегот од крстосницата со булеварот Свети Климент Охридски до објектот на Халк Банка се поставени четириесеттина столпчиња.