Продолжува изградбата на ООУ „Димитар Македонски“ во Лисиче

Изнајдено е решение за продолжување на изградбата на училиштето „Димитар Македонски“ во населбата Лисиче.

– Владата даде согласност за преземање на обврските во програмите опфатени со развојниот дел од буџетот, за чие плаќање е потребно користење буџетски средства во наредните 2020 и 2021 година на Министерството за образование и наука, да почне постапката за јавна набавка за склучување повеќегодишен договор за продолжување со изградба  на  ООУ „Димитар Македонски“, во вкупна вредност од 58.788.000 денари – информираат од општина Аеродром.

По надминување на проблемите, конечно учениците ќе добијат нова зграда.