Продолжена можноста за одложено плаќање од 30 дена за полисите на Eуролинк осигурување

Еуролинк осигурување ќе продолжи да овозможува одложено плаќање од 30 дена на физичките лица за сите нови или обновени полиси од сите класи на осигурување, за да им излезе во пресрет на клиентите во услови на вонредна состојба поради пандемијата од Ковид-19.

Компанијата уште во март одлучи времено да ги олесни условите под кои клиентите го обезбедуваат своето задолжително и незадолжително осигурување. Со оглед на тоа дека вонредната состојба продолжува, Еуролинк осигурување донесе одлука да продолжи со можноста за 30 дена одложено плаќање за сите физички лица. Мерката важи за плаќање на рати или во готово и за сите класи на осигурување. 

„Сите се соочуваме со потреба од простор и време за да си ги увидиме потребите и да ги распределиме ресурсите. Заради тоа сметаме дека одложеното плаќање од 30 дена за сите класи на осигурување ќе биде од помош за клиентите. Во оваа прилика потсетуваме и дека нашата продажна мрежа е комплетно оспособена за електронско договарање и доставување на сите полиси. Клиентите имаат можност по телефон или е-маил да ги договорат полисите со својот консултант за осигурување кој потоа ги доставува полисите по е-маил, и со тоа да ги завршат овие обврски од својот дом“ – вели Борче Попризов, директор на Секторот за продажба во Еуролинк осигурување.

Oд Еуролинк посочуваат и дека електронско пријавување на штети и онлајн плаќање на рати и фактури е овозможено преку веб страницата или преку мобилната апликација на Еуролинк осигурување. За поддршка при електронското плаќање на располагање е Контакт центарот на 02/15888 или на е-маил: eurolink24@eurolink.com.mk каде може да се добие услуга 24/7.