Prodigy во Скопје?!

На социјалните мрежи од утрово кружи видео објавено на официјалната фејсбук фан-страна на Авалон продукција со најава за концерт на легендарните The Prodigy. Засега нема никакви подетални информации освен што самото видео најавува концерт под отворено небо.

Истиот веројатно ќе се одржи во Скопје, но не е исклучена можноста да биде во некоја од туристичките локации низ земјава, најверојатно Охрид. Во секој случај, празник во најава за љубителита на добрата забава и електронска музика!

По неколку години, легендарниот британски состав ќе гостува во Македонија каде проверено имаат огромен број на публика.