Продавачот му го зел ножот, но крадецот избегал со парите

Вчера во 21.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека во продавница на булeвар „Борис Трајковски” едно лице со закана со нож од вработениот одзело пари од дневниот промет.

Според пријавеното, лицето влегло во продавницата и во моментот кога вработениот не бил на касата почнало да вади пари. Кога вработениот го забележал, се обидел да го спречи, му го одзел ножот, по што лицето побегнало. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.