Прочитајте го ова ако се чувствувате изгубено...

Во моментот не го гледате тоа, но тоа чувство на незнаење, чувство на изгубеност, е навистина посебно. Многу луѓе сакаат да мислат дека се средиле во својот живот. И можеби гледано низ очите на некој кој исто така одел по тој пат, тие навистина средиле се во својот живот. Тие веднаш по завршување средно се запишале на факултет иако можеби не сакале, избрале работа веднаш по дипломирање, иако не им била баш по мерак. Останале на работното место иако го мразеле. Биле во врска со некој и останале со нив, затоа што нема ништо полошо од тоа да бидеш сам. Тие оделе чекор по чекор, мислејќи, е па, ова треба да го направам.

Но, барем изгледа добро на хартија, нели? Барем на некоја вечера можат да кажат дека ги завршиле сите работи кои се очекувале од нив, затоа што тоа е успех, нели? Барем тие можат да ја пополнат замислата на другите за тоа што е животот, што се очекува од нив, што е правилно, и се тоа без да помислат: За кого во суштина го правам ова? Тие не знаат, тие само знаат дека треба да го направат. Секој ден тие ставаат толку многу притисок врз самите себе и потоа еден ден се будат депресивни и не знаат зошто.

Но, тие мораат да продолжат. Тие мораат да продолжат да ја пополнуваат својата листа и тоа се заради таа слика. Заради сликата пред другите. Тие мораат да ја оддржуваат сликата за пред народ и тоа ги убива. Тие мислат дека тоа значи нешто. Тие мислат дека остварувањето на овие очекувања значи моќ и успех. Но, тоа ги прави овие работи толку ограничени. ги спречува навистина да живеат и да откријат што всушност навистина сакаат. Не е важно навистина да се среќни, тие повеќе не ни знаат што значи среќа бидејќи тие се согласиле со туѓите идеи за тоа како треба да им изгледа животот.

Но, тоа топ изгледа на хартија, нели? Звучи толку добро во разговор, дава привремено задоволство ако кажат дека се им е потамането. Но, финтата со среќата е што не можеш да ја пронајдеш освен ако прво малку не се изгубиш. Никогаш нема да ја пронајдеш ако се ограничуваш себеси со муабетот дека мора да го направиш ова или она, да завршиш факултет тогаш и тогаш, да стапиш во брак на толку и толку години, да живееш удобно  тогаш и тогаш, итн. Никогаш нема да ја најдеш среќата ако точно се си средил.

Да имаш некој кој ќе одлучува и мисли за тебе е многу полесно отколку да ги искусиш тешките болки од себе-откривањето. Вие сте решиле да одите по потешкиот пат. По патот кој не бил планиран за вас. Патот кој е непознат и ако не сфаќате колку е тоа посебно, сфатете го сега. Имате можност да создадете живот кој навистина сакате да го живеете. Отфрлете ја идејата за „одлично за на хартија“. Заборавете на тоа се да ви е средено.

Не се помирувајте со животот. Патувајте, гледајте ги ѕвездите, изгубете се, откријте се на патот. Имајте авантури кои прават прекрасни приказни кои засекогаш ќе ги памтите. И не мора да патувате на далечни места за да имате авантура, некои од најпрекрасните искуства лежат во ваша близина. Запишете се на курсот на кој отсекогаш сте сакале да се запишете, преземете ги малите ризици од кои отсекогаш сте се плашеле.

Затоа што вашиот живот е полн со можности и веќе сте во предност пред повеќето луѓе – не знаете што ќе се случи следно. Вие немате испланирано се. Знаете дека има повеќе и отворени сте кон можностите кои овој свет може да ги понуди – сте си дале себеси време, време да го пронајдете што ве инспирира. Ова е толку ретко. И храбро. И ви ветувам дека ќе ви се исплати.

Во моментов, немате поима што ќе се случи следно. И иако не го гледате тоа во моментот, тоа е најубавото место на коешто можете да бидете. Затоа, престанете да се споредувате себеси со оние кои решиле да одат по побезбедниот пат. Вие сте создадени за нешто извонредно.