Прочитајте го ова ако мислите дека никој нема да се заљуби во вас...

Во еден период од мојот живот, едноставно се откажав.

Без оглед на тоа колку пати ми имаат кажано дека сум убава и без оглед на сите комплименти, јас бев убедена дека ниту еден маж нема да се заљуби во мене. Затоа што навистина се обидував. Правев се што е во моја моќ за да бидам поубава за машките за некој конечно да ме викне да излеземе.

Единствениот убав љубовен состанок ми беше кога отидов на слеп состанок, а и тоа не водеше никаде. Дури и ако се случеше да излезам со некој, тоа не беше ништо повеќе освен обид на типот да ме однесе во кревет и јас тогаш морав да правам невозможни маневри за да избегам од сето тоа.

Колку пати ќе се заинтересирав за тип и ќе излезеше дека тој беше заљубен во секоја од моите другарки, освен мене. Или ќе се појавеше некој тип кој секогаш ме сместуваше во некоја сива зона помеѓу „повеќе од другари“ и „помалку од дечко и девојка“. Тој само „пробуваше“ за да види дали ќе  „фукнционира“.

Кога стануваше збор за врските, секогаш останував со мислата: „Што побогу се случува?“

На крај дојдов до заклучокот дека јас едноставно не сум девојката со која машките сакаат да бидат во врска. Можеби сум убава, но очигледно никој не сака да се потруди околу мене. Претпоставувам дека сум девојката која мажите ја посакуваат, но не девојката во која се заљубуваат.

Велам „претпоставувам“, затоа што иако дојдов до тој заклучок, одбивав да задоволувам нечии копнежи или фантазии. Кога ја надминав депресијата, одлучив дека ќе го живеам животот за себеси и никогаш нема да се задоволувам со помалку.

Сфаќам дека реченицата „Мораш да се сакаш себеси, за да можеш да ги сакаш и другите“ не е за сите, но тоа беше тактика за преживување за девојка како мене, девојка која ги има почувствувано најтемните делови на осаменоста.

Немав друг избор освен да се сакам себеси затоа што морав да сфатам дека само затоа што луѓето не можат да се заљубат во мене, тоа не значи дека мојот живот нема смисла. Сосема е во ред човек да сака да биде сакан, но некогаш ќе запознаваш луѓе кои нема да можат да го направат тоа и тоа не е секогаш поради тебе, туку затоа што не се подготвени за тебе. И тоа е океј, затоа што тоа ти ја дава можноста да ги направиш работите што отсекогаш посакуваше да ги направиш, покрај заљубувањето.

Можеби мислиш дека никој нема да сака да биде со тебе, но мора да имаш трпение, затоа што кога најмалку ќе очекуваш, ќе запознаеш некого на твојот пат. А во меѓувреме, запознај се себеси, затоа што вредиш и заслужуваш да бидеш сакан/а.