Приватна детективка открива 3 сигурни знаци дека мажот изневерува!

Во многу бракови често се појавува сомнеж во верноста на партнерот. Не е лесно дa се живее со тоа, но добрата вест е дека постојат знаци кои ќе ви помогнат да сфатите дали вашите сомнежи се основани.

Џулија Хартли Мур, приватна детективка од Нов Зеланд, јавно ги споделува своите искуства.

Еве на што треба да обврнете внимание:

Мали промени во однесувањето

Често се случува да станат почувствителни на својот мобилен телефон и да внимаваат на тоа дали сакате да го земете нивниот телефон, а претходно немале такви проблеми. Генерално стануваат многу таинствени.

Често зборуваат за една личност

Ако одеднаш често почнуваат да споменуваат некого, тоа би можело да биде повод за сомнеж. Дури и ако зборуваат лошо за таа личност, тоа можеби го прават само за да ве оддалечат од неа.

Не можете да ја пронајдете сметката за телефон или кредитната картичка

Ова може да биде знак дека вашиот партнер не сака да дознаете за некои повици или трошоци.

„Класичен случај е тоа жената по Денот на заљубените да најде сметка за подарок кој воопшто не го добила“ – вели Џулија.

Најголемата грешка која можете да ја направите, според нејзино мислење, е да се соочите со партнерот без да имате доказ, затоа што со тоа само им давате до знаење дека не сте сигурни во тоа и со тоа оставате простор за негирање.