Пријавувањето започна: Детали за грантовите за смовработување

Во наредните петнаесеттина денови сите невработени лица можат да аплицираат за грант за самовработување преку отворање сопствен бизнис во износ од 4.000 евра.

Програмата за самовработување вклучува:

– обука за претприемништво,
-помош при развивање одржлив бизнис план и регистрирање дејност,
– неповратни грантови во форма на опрема и материјали и
– менторство за време на почнување на бизнисот

Оваа програма има за цел да го поттикне претприемништвото и да поддржи креирање почетни бизниси кои ќе обезбедат одржливи вработувања, не само за самите основачи, туку и за други лица кои ќе се вработат во овие почетни одржливи бизниси.

Заинтересираните ќе можат да аплицираат за обука за пополнување на прашалниците по што ќе добијат ваучер и еден експерт за изработка на бизнис план. Потоа бизнис планот ќе биде оценуван од експерти и доколку биде проценето дека е одржлив ќе добијат грант за отворање мал бизнис.

Од 2007 година од кога се спроведува мерката досега се отворени 8.730 компании, 8.970 лица се вработени, а околу 70% од нив се уште се во работен однос.

Ова е втора фаза од оперативниот план за 2017 година за програмата за самовработување. Со неа во првата фаза беа опфатени 600 лица, а во втората фаза 400. За цела година планирано е да бидат опфатени 1.050 невработени лица од евиденцијата на АВРМ, активни баратели на работа, во 1.000 новоотворени микро компании.