Претпоследен ден од изборната кампања – партиите растрчани по секој глас

Партиите што ќе учествуваат на предвремените парламентарни избори на 11 декември, во четврток влегуваат во претпоследниот ден од изборната кампања.

Според партиските најави, коалицијата „За подобра Македонија“, предводена од ВМРО-ДПМНЕ, во четврток ќе одржи митинзи во Бутел, Гази Баба и Шуто Оризари.

Коалицијата „За живот во Македонија“ предводена од СДСМ ќе има митинзи во Радовиш и подоцна во Струмица.

Коалицијата за промени и правда, предводена од Демократскиот сојуз ќе го одржи завршниот предизборен митинг во Скопје, пред ТЦ Бисер.

Носителот на кандидатската листа за ИЕ 1 Ден Дончев на Коалицијата ВМРО за Македонија и Ненад Новковски, поранешен министер за образование ќе имаат средби со граѓаните. (Пред Министерството за надворешни работи, Управата за јавни приходи и во населбата Припор/12:00-15:00).

ДУИ во четврток во Шипковица ќе има средби со граѓани, а подоцна вечерта ќе одржи централен митинг во Гостивар.

Коалицијата предводена од Беса ќе одржи митинг во Чаир, додека Алијансата на Албанците ќе има централен митинг во Скопје

Коалицијата „ВМРО за Македонија“ ќе има средби со граѓани во општина Ѓорче Петров.