Претепани двајца повозрасни мажи во Козле

Претепан 52- годишен маж од Скопје.

Вчера вечер во 23,50 часот, 52- годишниот Б.С пријавил дека истиот ден околу 21 часот и 20 минути , на улица “Козле“ поточно на автобуска постојка, додека го управувал своето возило на коловозот излегле три малолетни лица кои му го попречиле патот и неможел да помине со возилото.

Според извештајот од полицијата тој го паркирал возилото и излегол укажувајќи им на малолетниците дека не треба така да одат по улицата по што настанала и мала расправија. По кратко време дошле повеќе лица најверојатно роднини на малолетниците од кои неколку лица од групата физички го нападнале Б.С. удирајќи го со тупаници во пределот на главата и телото.

Во еден момент во настанот се вмешало и едно повозрасно лице со намера да му помогне на пријавителот, односно да појасни дека не ги удрил децата, но тој бил физички нападнат со удари со тупаници по главата и телото.

Од ударите му нанеле телесни повреди во пределот на левиот образ, половината и тилот од главата по што го напуштиле местото на настанот.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.