Претепан ученик на автобуска постојка кај НБРМ

Вчера бил нападнат и претепан ученик во Скопје.

Од МВР велат дека вчера Г.М. пријавил дека околу 13 часот неговиот 16-годишен син од с. Побожје, Скопско, ученик во средно училиште, додека чекал на автобуската постојка во близина на Народна банка на РМ, заедно со негови другари, бил физички нападнат од неколку лица на возраст од 16 до 17 години.

Од нападот малолетникот се здобил со видливи повреди, а се пожалил и на болки во главата. Од полицијата велат дека преземаат мерки за пронаоѓање на лицата.