Престанете да трчате по оние кои постојано ве повредуваат

Сите некогаш сме повредиле некого. Но, за некои луѓе, тоа е секојдневие. 

Еден ден се однесуваат дека се заинтересирани, потоа поинаку се однесуваат следниот ден, а вие не знаете што значи тоа.  Кога некој се однесува вака, нема многу простор за размислување. Таа личност си игра со вас. 

Ако некој прави да се чувствувате несигурно постојано, тогаш таа личност не го мисли најдоброто за вас. Можеби не можете да ги контролирате чувствата и ги сакате и покрај сите нивни грешки, но можете да го контролирате своето однесување. 

Ако постојано им се жалите на своите пријатели, тогаш престанете да трчате по нив. Ако сте исфрустрирани, престанете да им покажувате колку ви значат.

Ако некој постојано се однесува како да не му е грижа за вас, верувајте и на таа личност. Навистина не сте и важни. Не си креирајте розови приказни или филмови во глава дека магично работите ќе станат подобри. 

Престанете да размислувате на тоа колку сакате да бидете со нив, почитувани, ценети и прифатени. Можеби е подобро да се фокусирате на тоа како се однесуваат и дека тоа не е ниту љубов, ниту почитување. 

Ако мислите дека сте единствените што вложуваат напор, престанете да го правите тоа. Најдете некој кој ќе ве цени и сака.