Престанете да ги сакате оние кои не го заслужуваат тоа

Престанете да  се дотерувате за нив, кога тие не забележуваат што е ново на вас и што сте промениле кај себе. Престанете да живеете со нив, мислејќи дека на крајот ќе ги убедите да ве засакаат.

Не правете работи кои покажуваат дека сте во врска, кога тие не го сакаат тоа. Престанете да им ги давате сите добри работи од себе, кога не добивате ништо од нив. Престанете да им одговарате веднаш, кога ним им треба долго време да ви одговорат на последната порака.

Престанете да ги третирате како да се совршени и како да сте пресреќни дека ви даваат дел од своето време, иако често се однесуваат лошо кон вас.

Заслужувате личност која ве цени и почитува, повеќе од тоа што го посакува неговото тело. Заслужувате некој кој одговара на вашите пораки, некој кој е искрен и кој останува до вас по сексот.Заслужувате личност која ве цени. Некој кој е благодарен за тоа што ве има. Некој кој не ви праќа пораки само ноќе кога надоаѓа досадата.

Треба да бидете со личност која го планира своето време за да биде со вас, личност која сака да ве види и сабота навечер и недела наутро. Треба да бидете со личност која е возбудена за да ве види.

Не паѓајте на личност која не ве заслужува.

Не ги потсетувајте дека треба да помислат на вас, дека мора да бидат со вас. Никогаш нема да ги натерате на тоа. Наместо да го правите тоа, заборавете на нив.

Изберете се себеси. Но, не избирајте личност како нив.