Прекинато судењето за „Рекет“, Камчева сведочи, на Боки 13 му се слоши

Здравствената состојба на првообвинетиот во случајот „Рекет“, Бојан Јовановски повторно се влошува. Третото рочиште започна пред некој половина час со сведочењето на Ана Камчева, сопруга на Орце Камчев, но набрзо беше прекинато откако Јовановски доби нагон за повраќање. Среде poчиште на обвинетиот му се слоши при што беше повикана лекарска екипа, а судијката одреди пауза.

Камчева досега сведочеше за тоа како започнала сагата на семејството Камчеви, односно кога започнал рекетот. Таа го посочи адвокатот Васил Димишков, неговата сестра судијката Весна Димишкова и обвинителката Лиле Стефанова како вмешани во рекетот. Покрај тоа Камчева спомена и странски амбасади без притоа поточно да наведе за кои амбасади станува збор.