Предоцна учиме некои лекции: Животот е краток, борете се за тоа што е исправно, грижете се за оние кои ги сакате

Животот е еден и пред да станеме свесни за тоа, тој веќе поминал пред нашите очи. 

За да не дозволиме да се случи тоа и да се каеме потоа за работите кои сме ги направиле или не сме ги направиле, за почеток треба да се запрашаме што точно сакаме. Одвојте време да се смеете, сакате, плачите и учите. Но, тоа нека биде ваша одлука.

Секој момент е дел од вашиот живот

Минувате мигови, денови, месеци години, чекајќи да почнете да живеете. Но, вашиот живот е сега. Сегашноста, тоа што се случува со вас и пред вас. Тоа е тоа. Не правете големи планови за иднината, не се грижете премногу за неа и не се навраќајте во минатото. Посветете се на тоа што го имате сега.

Животот е прекраток

Не знаеме кога ќе го напуштиме овој свет. Тоа некогаш ќе биде ненадејно. Истото се однесува и за нашите блиски. Немаме стотици години на располагање. 

Ова е ваш живот. Борете се за тоа што е исправно, борете се за тоа во што верувате, не заборавајте себеси да си кажете дека сте си важни. Не знаете што ќе биде утре.

Пожртвуваност денес, убава иднина

Кога станува збор за трудот и напорната работа, тие секогаш се исплатат. Но, треба да донесете одлука за тоа. Дали и колку сте подготвени да вложите за да добиете нешто што вистински сакате да се оствари? Што ќе направите кога конечно би се случило тоа? Ваша е одлуката.

Неуспесите се само лекции

Неуспесите се случуваат секому. Тие се најчести кај оние луѓе кои не се плашат да ризикуваат. Тие не се толку страшни, туку тие се важни лекции. Сфатете ги како нешто од што треба да научите, кренете ја главата горе и продолжете.

Најважно е да се чувствувате добро во своја кожа

Можат да ви лепат етикети, да ви кажуваат што треба да правите, но најважното нешто е да се чувствувате добро во своја кожа. Имајте здрав однос кон себеси, за да имате и здрав однос кон другите луѓе. Морате да се чувствувате вредни и прифатени во сопствените очи.

Делата, а не зборовите говорат многу за луѓето

Луѓето можат да зборуваат долго, да ветуваат, но сепак на крајот на денот, делата зборуваат за нив. Обрнете внимание на тоа што прават тие, а не на тоа што го кажуваат. Нивните дела се се што треба да знаете.