Предлог места за активности во Скопје ако сте со деца

Денес е празник и неработен ден што добар дел од македонските граѓани ќе го искористат за спојување на викендот или прошетка низ нашиот град убав.Според метеоролозите денеска ќе биде претежно сончево, утрото студено, а во текот на денот со слаб до умерен југозападен ветер.

Еве неколку наши предлози каде може да го поминете слободното време со вашите деца.

Милениумски крст

Нашето омилено место за забава во Скопје со деца е Милениумскиот крст. Качете се до врвот со жичарницата која се состои од кабини така да е совршено безбедна. На врвот достигате височина од 1066 метри и погледот е навистина спектакуларен. Самиот крст е висок 66 метри и има  продавници за пијалаци и закуски во близина. Исто така има и убаво игралиште со маси околу него. Како бонус постои голем парк во близина на крстот, каде што има уште едно игралиште. По толку многу забава може да ги убеди вашите деца да пешачите надолу. Ако не сакате и сте уморни, секогаш може повторно да се земе жичарница.

Кале

Старата тврдина е секогаш добро место за посета со деца. Тука има голем простор со трева и е одлично за играње без да се грижите на сообраќај или на гужви.

Зоолошка градина и Градски Парк

Зоолошката градина и Градскиот парк се секогаш одлична идеја за семејна забава во слободното време. Дружете се со животните, играјте си со шишарките и шатките во паркот, никогаш доста од овие задоволства.

Игротеки во Трговските Центри

Ако времето не соработува со вас постојат и затворени игротеки во Трговските центри. Тие не се многу големи, но се доволни да ги задржат децата среќни за еден час или два.

Дневен излет на Матка

Патување во Кањонот Матка е исто така забавно да се направи. Возење на брод е многу пријатно со деца или ако се малку постари можете да изнајмите дуо кајак.