Пред врата му ги истепале неговите мајка, сопруга и брат

Синоќа год во 21:45 часот женско лице  пријавило дека на ул ,,Христо Татарчев,, 17 во  Скопје имало нарушување на јавниот ред и мир со  тепачка помеѓу повеќе лица.

Имено околу 21:30 часот лицето А.Б (26) од Скопје физички бил нападнат од две машки лица кои живеат на истата улица и кои пред неговата куќа кршеле стаклени шишиња.

Според пријавеното во обид да ги спречи во нарушувањето на Јавниот ред и мир А.Б најпрво физички бил нападнат од едното машко лице, а во негова одбрана дошол и брат му  П.Б, по што на улицата излегле и неговата мајка В.Б(49) и неговата сопруга В.Б (26) Скопје кои сакајќи да им помогнат  исто така физички биле нападнати од лицата.

Се работи на целосно расчистување на случајот.