Пред и потоа: Катастрофалната поплава која го зафати Скопје снимена од сателит

Катастрофалната поплава која го зафати скопскиот регион по метеоролошкиот феномен кој се случува еднаш на 1.000 години е регистрирана и од вселената. Сателитските фотографии направени пред и по поплавите ја покажуваат вистинската слика за големината на зафатеното подрачје и силината на водената маса.

Поплавата во Коперникус е сервис на Европската комисија кое е задолжено за менаџирање со природни катастартофи и хуманитарни кризи. Коперникус  обезбедува точни геoпросторни информации добиени од сателитско далечинско набљудување на подрачјата каде што имало природна катастарофа.

Веднаш по поплавите на 06.08.2016 година Коперникус до Дирекцијата за заштита и спасување на 08.08.2016 испрати сателитски снимки со податоци од елементарната непогода која ја погоди Република Македонија односно скопскиот регион. Коперникус истите податоци ги објави и на страната на Европската Унија односно на Европската комисија.

Агенцијата за катастар на недвижности ги превзеде сателитските снимки кои беа направени од  Коперникус со што ги прилепи со катастарските податоци и истите ги дистрибуираше до кризниот штаб формиран од Владата на Република Македонија, АРМ, МВР како и до Бирото за судски вештачења за полесно да ги изврши процентките за штетите од поплавите на терен. Исто така граѓаните можат овие снимки да ги видат на веб страната на Kатастарот.

Обиколницата пред поплавата: 

Обиколницата по поплавата:

Ченто, Арачиново и Илинден пред поплавата:

Ченто, Арачиново и Илинден по поплавата:

Стајковци пред поплавата:

Стајковци по поплавата: