Празнична среќа – Велигден е најубав кога го поминуваме со најблиските

Празниците носат радост, но и некаква тага истовремено.

Радост бидејќи имаме можност живи и здрави да прославиме еден голем ден, а тага поради оние луѓе кои не се веќе со нас. Животот е краток, еден празник ќе го минеме среќни, а веќе другиот можеби ќе бидеме без некоја од најважните личности во нашиот живот. Нема правила, времето лета. А овие денови се некако најубави да бидат поминати со семејството.

Така се потсетуваме на магијата на времето поминато со оние пред кои единствено можеме да бидеме свои, луѓето кои нè сакаат онакви какви што сме и кои би направиле сè за нашата среќа. Толку е убаво да се биде опуштен и свој пред нив.

На празниците не ни е потребно многу. Ако се со нас оние кои ги сакаме, имаме сè.  Ако имаме топол дом во кој се чувствуваме убаво, тогаш го имаме тоа што ни е потребно. Ако сите до нас се живи и здрави и насмеани, имаме повеќе одошто ни е потребно.  Ако сме среќни и нè чува здравјето, ние сме среќни.

Запаметете – среќата се множи само тогаш кога се дели со другите. Уживајте во убавите празнични денови.

Nike Air Presto Fly