Утре во свечената сала на Собранието на Република Македонија, ќе биде доделена државната награда „Св. Климент Охридски“.
Наградата за остварување во областа на воспитанието и на образованието ќе му се додели на фолклористот Марко Китевски, наградата за остварување во областа на културата и уметноста им се доделува на музичкиот уметник Гордана Јосифова-Неделковска, скулпторот Жарко Башески, поетесата Весна Ацевска-Стојчевска и на театарска критичарка и публицистка Лилјана Мазова.
Државната награда „Св.Климент Охридски“ е впрочем највисоко признание за долгогодишни остварувања во областа на воспитанието, образованието, културата, уметноста, здравството, заштитата и унапредувањето на човековата околина и во социјалната дејност од јавен интерес на Македонија.