Познати цитати од филмот и книгата „Одвеано од виорот“

„Одвеано од виорот“ е еден од најпознатите филмови, базиран според истоимениот роман на Маргарет Мичел, која е добитник на Пулицерова награда во 1936 година. Филмот ја раскажува приказната за Американската граѓанска војна и е еден од најдобрите љубовни филмови, снимени во боја.

Ова се најпознатите цитати од филмот и книгата.

Денеска не можам да мислам на тоа. Утре ќе размислувам.

- Те сакам.

- Тоа е твојата несреќа.

Смрт, даноци, породување. Ниту едното, ниту другото, ниту третото не доаѓаат баш на време.

Животот не обврзан да ни го даде тоа што го очекуваме, треба да го земеме тоа што ни се дава и да бидеме благодарни што е така, а не полошо.

Подобро е да добиете куршум во чело, отколку будала како сопруга.

За среќа и брак, не е доволна само љубовта.

Од солзите можеме да имаме корист, само кога до нас е маж од кого можеме нешто да добиеме.