Познат идентитетот на моторциклистот кој вчера беше тешко повреден во Скопје

Вчеравечер на раскрсницата кај гимназијата Јосип Броз во центарот на Скопје се случи сообраќајна незгода во која учествуваа полициско возило и мотоциклист. Очевидците вчера тврдеа дека при ударот мотоциклистот неколку секунди летал во воздух по што паднал на асфалтот, по што со тешки телесни повреди е пренесен во Клиничкиот центар во Скопје.

Веб порталот Точка од официјални извори пренесе информација дека станува збор за градски лик кој има работено како менаџер во повеќе ноќни клубови, а името нема да го откриваат поради етички причини. 

Изминативе неколку години, значително е зголемен бројот на моторни возила. Забележлива е нивна зголемена фрекфенција, особено во градските средини, а со тоа зголемен е и сообраќајниот метеж, па многупати справувањето со метежот и управувањето моторно возило претставува вистинска уметност.