Повредени 13 лица во сообраќајки вчера во Скопје

Тринаесет лица биле полесно повредени во девет од вкупно 15 сообраќајки регистрирани во текот на вчерашниот ден на подрачјето на СВР Скопје. Во шест незгоди била причинета материјална штета.

Од МВР информираат дека вчера сообраќајната полиција открила и санкционирала поголем број прекршоци. Шеснаесет возачи се движеле со брзина поголема од дозволената, двајца поминале на крстосница на црвено светло, двајца  не дале првенство на минување и двајца возачи за неправилно престигнување.

Од сообраќај биле исклучени седум возачи пред да се стекнат со право на управување на моторно возило, како и  четири возила со истечена важност на сообраќајната дозвола и едно технички неисправно возило. Санкционирани биле и двајца пешаци кои поминале коловоз вон пешачки премин. Затекнати биле 90 непрописно паркирани возила.

Со помош на  специјалното возило „пајак“ отстранети биле 75 возила.