Повреден затвореник во тепачка во Идризово

Триесет и четиригодишен затвореник од Идризово вчера во затворениот дел на Казнено-поправниот дом, во расправија му нанел убодна рана на Е.Б. (28) од Скопје.

Како што соопштија од МВР, Е.И од Скопје во еден момент од расправијата со остар предмет му нанел убодна рана во пределот на левата нога на Е.Б.

Со возило од Казнено поправната установа Идризово, Е.Б е префрлен во Ургентен Центар-Скопје, каде од страна на доктор се констатирани телесни повреди. Настанот е во надлежност на КПУ Идризово.