Повреден патник во автобус во Скопје

Две лица се тешко повредени, а 17 се здобиле со полесни повреди во 12 од вкупно евидентираните 24 сообраќајки во изминатите три дена во Скопје. Десет сообраќајки се со последица материјална штета.

Сообраќајната полиција во петокот извршила увид на 11 сообраќајни незгоди од кои  една со последица тешка телесна повреда, во пет незгоди полесни се повредени пет лица, а пет сообраќајки биле со последица материјална штета.

Како што информира самостојниот инспектор Драган Вељановски, во саботата е извршен увид на седум сообраќајни незгоди, од кои три се со последица материјална штета и три се со последица телесна повреда, во кои со полесни повреди се здобиле три лица. Се случила и една незгода со последица тешка телесна повреда во која со тешки телесни повреди се здобил патник во автобус, а со телесни повреди се здобиле двајца патници во автобус.

Вчера, пак, е извршен увид на шест сообраќајни незгоди, од кои две се со последица материјална штета, а во останатите четири полесно се повредени седум лица.

Во изминатите три дена  сообраќајната полиција санкционирани 36 возачи заради непочитување на ограничувањето на бризаната на движење, 13 возеле под дејство на алкохол и се исклучени од сообраќај, пет поминале на црвено светло на семафор, а 12 возачи н користеле сигурносен појас или користеле мобилен телефон.

Затекнати се и пет возачи кои за време на управување на велосипед со мотор, мопед и мотоцикл не носеле заштитен шлем.

Со помош на специјалното возило пајак, во текот на овие три дена отстранети се 90 возила кои во поголема мера го попречувале нормалното одвивање како пешачкиот така и моторниот сообраќај.