Повеќе електронски новогодишни честитки, а помалку насмевки

Живко е пред пензија. Целиот свој живот го поминал како поштар во главниот град. Речиси и да нема човек кој не го знае. Бил поштар во секоја скопска општина.

Секое утро неговата торба е преполна со сметки, писма и опомени за неплатени сметки, но мал е бројот на новогодишни и божикни честитки кои речиси згаснаа со модерното и брзо темпо на живеење.

Живко се сеќава на периодот кога неговата поштарска чанта била полна со новогодишни и божиќни честитки. Денеска тие ги нема, вели тој.

-Порано кога ќе им однесеш новогодишна честитка има насмевка на лицето, нормално ќе се насмееш за честитка. За децата да не ви кажувам, сите се радуваат. Некој чека од подалеку, од Австралија, од Америка, од каде им пристигнуваат. Уште повеќе се радуваат кога им пристигнува честитка од далечните земји, раскажува Живко, додавајќи дека тогаш имал многу повеќе работа од сега, но дека му недостасува тоа време.

Ја нема блискоста меѓу луѓето, нема комуникација кога не можеш некому да му однесеш нешто или некој да ти прати нешто. Се изгуби комуникацијата едноставно меѓу нас, меѓу луѓето, вели Живко.

Новогодишните честитки не говорат само дека некој се сетил на вас, туку во исто време ја разоткриваат и креативноста во нивното создавање за кои се потребни многу љубов, малку време и желба некого да направите среќен само за миг

Денес имаме се повеќе електронски честитки, идентични смс пораки, но се помалку насмевки на лицата.