Поучна приказна за младиот магионичар која ни ја открива моќта на нашите мисли

Еднаш одамна, живеел млад магионичар кој тврдел дека не постои затворска ќелија од која не може да излезе. Тој тврдел дека тоа може да го направи само за еден час.

Затоа бил повикан од еден затвор и за да го докаже тоа. Бил внесен во ќелијата и му бил даден точно еден час за да ги докаже своите зборови. 

Го соблекол својот костум, а потоа од својот куфер извадил долга жица со која се обидувал да направи магија и да ја отвори вратата од ќелијата. Долго се трудел, но никако не успевал. Почнал да се препотува, го фатила паника и поминал два часа во неуспешен обид да избега од затворот.  

Кога на крајот се откажал, преморен и очаен, се потпрел на вратата, но веднаш паднал на грб штом вратата се отворила. 

Тој пробувал цели два часа да отвори врата која не била заклучена никаде, освен во неговите мисли.