Поучна приказна: Вистината може да ве изненади!

Луѓето многу лесно си земаат за право да дават судови за другите луѓе. Да им лепат етикети, да велат за некого дека е чуден или дека нешто му недостасува, без да ги знаат сите факти. Вистината никогаш не е таква каква што изгледа, а многу често е и комплицирана. 

Судбината знае сурово да си поигра со луѓето и има многу животни приказни кои се тешки, но и инспиративни. Луѓето секојдневно се соочуваат со многу тешкотии и препреки и не им се потребни и осудувањата и трачарењата од другите луѓе.

Оваа кратка и поучна приказна ќе ви покаже зошто никогаш не треба предвремено да носиме заклучоци за луѓето и дека прво треба да ги запознаеме и да ја дознаеме нивната животна приказна пред да си дозволиме да кажеме нешто за коешто можеби ќе зажалиме:

24-годишен дечко стоел навален на прозорот од возот и воодушевено викал: „Татко, види, пројдовме покрај некое дрво!“ Таткото се насмевнал, а младиот пар кој седел во близина го погледнал младиот човек со сожалување во очите.

Одеднаш, дечкото повторно извикнал: „Татко, види, облаците се движат заедно со нас!“

Парот не можел да издржи и едниот од нив го прашал таткото: „Зошто не го одведете кај некој добар доктор?“

Таткото се насмевнал и рекол: „Веќе го однесов и баш токму сега се враќаме од болница. Мојот син беше слеп од раѓање, а денес за првпат прогледа...“

Секоја личност на овој свет има некоја своја приказна. Не им судете на луѓето пред навистина ги запознаете. Вистината може да ве изненади...