Поучна приказна: Не судете, за да не ви се суди

Поучна приказна која на многу добар начин објаснува колку можеме да погрешиме кога осудуваме човек за кого не знаеме ништо. Затоа, не судете, за да не ви се суди, затоа што невозможно е да се осудуваат делата и постапките на другите луѓе.

Постар маж влегол во воз со својот 25-годишен син и си седнале на своите места. Еден помлад човек седел покрај прозорецот. Кога тргнал возот, младиот човек ја извадил рака надвор за да го почувствува струењето на воздухот и одеднаш возбудено рекол:

„Тато, гледаш ли како дрвјата се движат наназад?“

Постариот човек само се насмеал. Покрај младиот човек седел еден брачен пар. Тие биле малку збунети поради тоа што младиот човек се однесува како мало дете.

Одеднаш младиот човек возбудено викнал:

„Тато, го гледаш ли езерото и животите... Облаците патуваат заедно со возот!“

Брачниот пар и натаму збунето го гледале младиот човек и се чуделе како неговиот татко се однесува така смирено.

Почнало да врне и неколку капки дожд паднале на раката на младиот човек. Тој повторно се насмевнал и ги затворил очите. А потоа викнал:

„Тато, врне дожд, водата ме допира! Гледаш?“

Сакајќи некако да помогнат, мажот и жената го запрашале таткото на детото:

„Зошто не го однесете вашиот син на некоја клиника?“

Таткото одговорил:

„Само што излеговме од клиниката. Мојот син денес првпат прогледа!“

Невозможно е да се суди за делата и постапките на другите луѓе, без да се имаат предвид сите околности и да се знае целата приказна. Само Бог знае сѐ за секој човек. И поради тоа – не судете, за да не ви се суди!