Поучна приказна: Мајчините раце ја кријат тајната за нејзината жртва за децата

Дипломирал со највисоки оценки, бил задоволен со постигнатиот успех и бил сигурен дека го чека убава и сјајна кариера. Една од најголемите компании во неговата држава објавила конкурс за пополнување на работни места. Тој ја приложил потребната документација и го поминал завршното интервју.

Додека седел со генералниот директор на компанијата кој ја прегледувал неговата документација, тој му поставил неколку прашања.

Директор: Дали во текот на студирањето имавте некаква стипендија?

Младото момче: Не, никаква.

Директор: Дали вашиот татко плаќаше за вашето студирање?

Младото момче: Не, мојот татко почина кога имав само една година. Мојата мајка ми помагаше да се образувам цело време.

Директор: А каде работи твојата мајка?

Младото момче: Таа не работи нигде, туку во својот дом ја пере и пегла облеката на другите луѓе.

Тогаш, директорот побарал да му го покаже своите раце. Кога ги видел, увидел дека тоа се две бели и нежни раце. Потоа, директорот прашал:

 - А, дали некогаш си и помогнал на својата мајка во тоа што го прави?

Младото момче: Не, таа не ми го дозволуваше тоа, постојано ми зборуваше да учам.

Директорот потоа му се обратил со следната молба: Да оди дома и да ги измие мајчините раце.

Младото момче било збунето на почетокот, но бидејќи станувало збор за работа која сака да ја добие, не размислувало премногу. Тоа отишло дома, објаснувајќи и го на својата мајка барањето на директорот и ја замолил да и ги измие рацете. Кога таа слушнала за работата била многу радосна, но сепак се согласила на тоа нејзиниот син да и ги измие рацете.

Тој ги ставил нејзините раце под млазот вода, а додека почнал да ги мие, почнал и да плаче. Дури тогаш, за прв пат во животот забележал какви се рацете на неговата мајка. Тие биле испукани, нејзината кожа била груба и рапава, но и отечена.

Дури тогаш, тој сфатил дека нејзините раце го израснале и го овозможиле неговото образование. Тогаш тој сфатил дека се што има во животот потекнува од тие 2 суви и отечени раце. Таа ноќ, тие седеле заедно и разговарале.

Следниот ден отишол кај директорот и му раскажал што се случило. Директорот го прашал што сфатил од сето ова, на што тој одговорил:

 - Го сфатив вистинското значење на благодарноста.

 - СФатив дека да не постоеше мојата мајка, денес никогаш немаше да бидам тоа што сум.

 - Сфатив дека некои работи се навистина тешки.

 - Ја сфатив важноста на семејството.