Потребни се само неколку чекори за среќа

Не постојат универзални правила кои ќе ни ја донесат среќата, а убијат тагата и стресот во нашите животи. Но, постојат неколку чекори кои сигурно ќе нè направат поисполнета и посреќна личност.

Потрудете се да станувате порано – ова не можат да го постигнат сите, но напорот да го направите тоа може да ви донесе убави работи во животот. Повеќе енергија, подобро расположение и повеќе време за вашите задачи. Но, тоа не значи дека треба да одите на спиење подоцна и да станувате порано. Не останувајте предоцна гледајќи во телефонот.

Поминете повеќе време со оние кои ги сакате – честиот контакт со блиските е една од работите кои можат да ве направат најсреќни. Голем дел од луѓето се каат поради тоа што не наоѓаат доволно време за своите пријатели и семејство. Времето поминато со нив е скапоцено и многу важно за нашата среќа.

Правете помалку – не се обидувајте да бидете активни и успешни на сите фронтови. На долг рок, тоа ќе ви донесе само тензии и стрес. Приоритизирајте ги работите кои ви се важни и ви носат задоволство во животот и пресечете што е тоа што треба да го правите. Правете ги работите кои се ваша обврска, а особено внимание обрнете на оние кои ве прават посреќни.

Успорете – каде брзате? Некој треба да ве пофали за тоа што правите? Каде мислите дека ќе стигнете? Направете мала пауза и дишете. Најдете време за себе и за спокој и релаксација. Ова е клучно за среќа во купот обврски и одговорности.

Најдете ја вашата страста- филмови, правење бижутерија, готвење, фудбал...секој од нас има нешто кое го прави среќен. Најдете ја својата страст или дозволете таа да ве најде вас. Тоа е како некој да ви нацртал насмевка на лицето.

Вежбајте – не мора  да се оптеретувате премногу, не ви се потребни многу интензивни тренизни. Само најдете време во денот за јога, прошетка или било каква вежба која ќе ве размрда и ќе ви помогне да се истегнете.

Спијте повеќе – спиењето му помага на телото да се опорави и ни помага да се фокусираме и да бидеме попродуктивни во текот на денот. Освен тоа, доволниот сон е и сигурен знак дека ќе бидеме помалку чувствителни на негативни емоции.

Помогнете им на другите – една од најдобрите работи кои можете да ги направите за вашата среќа е обидот да им помогнете на другите. Не морате да правите огромни дела, доволно е некому да му го разубавите денот или да им помогнете на оние кои им е потребна вашата помош и поддршка во конкретна ситуација.