Постојат жени...

Постојат жени кои не паѓаат на комплименти, кои не веруваат на слаткоречиви зборови. Постојат жени кои не гледаат интерес. Постојат жени кои веруваат во факти. Жени кои живеат на работ на животот со светло во срцето. Жени кои кога ќе се појават шират сјај. Жени кои од вас сакаат само цврста прегратка и цврст стисок со раката.

Жени на чии усни секогаш има насмевка, а страста вибрира во сите нивни сетила. Жени кои ве сакаат само вас, како ваша кралица. Постојат жени кои веруваат дека ако имаме исти соништа, сите врати се отворени за нас. Постојат жени кои многупати биле повредувани, но и понатаму имаат моќ да изберат. Жени кои веруваат во вредности. Вредности кои не смеат никогаш да бидат изгубени, а меѓу нив е и достоинството. Постојат жени кои имаат еден страв – страв дека ќе станат како и другите...

Постојат жени кои веруваат дека сите желби можат да се остварат. Жение кои веруваат дека сите спомени се запишани на нејзината кожа. Постојат жени кои имаат надеж, презир кон реалноста и храброст да го променат сетоа тоа. Жени кои веруваат дека животот е направен за да сонуваме, дека е направен за љубов. Жени коли веруваат дека и кога животот е суров кон нас, ние треба да му се насмевнуваме. Жени кои знаат дека некои приказни кои живеат во нас секогаш ќе ни носат болка, но живеат со нив...

Постојат жени кои живеат опуштено и ослободено од тешкиот товар на животот. Жени кои и во најсивите денови ги покажуваат сите бои кои ги носат во себе. Жени кои носат сигурност во моментите кога се околу нас е несигурно и полно со сомнежи. Жени кои се насмевнуваат на луѓето и секогаш се она што се. Никогаш не ги кријат своите слабости, не глумат нешто што не се, не се плашат да бидат несовршени, затоа што знаат дека нивните слабости и несовршености се токму оние работи кои ги прават уникатни и единствени.

Жени кои знаат дека не постои совршенство. Жени кои знаат дека совршено е само лицето кое се смее!