Постои место каде што почнува љубовта...

Постои место каде што почнува љубовта
и место каде што љубовта престанува.

Постои допир на две раце
кои пружаат отпор на сите речници.

Постои поглед кој пламти ко голем витлеемски оган
или мала ацетиленска лампа со зелен сјај.

Постои едноставнa и безгрижна работа,
чудесна ко реката Мисисипи.

Раце, очи, работа -
поради нив љубовта се бори и гради.

Постојат чевли кои ги носи љубовта
и нејзиното пристигнување е тајна.

Постои предупредување кое љубовта го праќа,
а неговата цена се дознава многу подоцна.

Постојат толкувања за љубовта на сите јазици
и не е најдено ниту едно кое е помудро од ова:

Постои место каде што љубовта почнува и место
каде што љубовта престанува – а љубовта не бара ништо.

Карл Сандберг