Поставени заштитни столпчиња во Стар Аеродром

Деновиве Општина Аеродром постави заштитни столпчиња по должината на улицата „Методија Шаторов-Шарло“ во Стар Аеродром, кај кафеаната „Еквириблиум“.
Со овој потег се става крај на непрописно паркираните возила и се овозможува непречено одвивање на сообраќајот во овој дел од Општината.

Во наредниот период ќе бидат поставени околу 400 столпчиња покрај тротоарите, велосипедските и пешачките патеки, и тоа на следниве локации:
- ул. „Методија Шаторов-Шарло“ бр. 30
- бул. „Трета македонска бригада“ бр. 41
- ул. „Пандил Шишков“ бр. 1
- ул. „Фрањо Клуз“ бр. 2
- ул. „1612“ бр. 1
- ул. „1613“ бр. 2
Со поставувањето на столпчињата ќе се олесни движењето на сите учесници во сообраќајот.