После оваа приказна ќе престанете да се грижите за тоа што мислат другите за вас

Си бил еднаш еден учител кој никогаш не се интересирал за тоа што мислат другите за него.

Љубопитните ученици го прашале:

„Како го имате достигнато тоа ниво на внатрешна слобода?“

Тој се насмевнал и рекол:

„До својата 20-та година, не се грижев што мислат другите за мене.
По својата 20-та година, постојано се грижев за тоа што мислат другите за мене.
И потоа, еден ден, откако наполнив 50 години, сфатив дека тие речиси никогаш и не ни размислувале за мене.“