Поскапените градежни материјали нема да ја зголемат цената на становите

Поскапените градежни материјали нема да ја зголемат цената на становите.Статистика нотира раст на цените на материјалите за градба  за скоро 20 отсто. Но, од агенциите за недвижности велат дека цената на станбениот квадрат е стабилна.

И покрај малата побарувачка која ја нотира статистика агентите велат дека пазараот не  е презаситен. Годинава очекуваат уште поголем број на купопродажби. 

Од друга страна последниот извештај на Катастарот покажува дека во земјава има непродадени повеќе 3 600 станови, а во фаза на градба се речиси 10 000.

Во главниот град најскапи се становите во Центар Аеродром и Карпош, каде метар квадратен се продава од 900 до 1 500 евра. И Понатаму најбарани се становите до 60 квадрати.Во останатите градови цената на квадрат е далеку пониска, поради помалите цени за комуналии. Се движат од 500 до 800 евра.