Посен колач со мармалад и кокос

Велигденските пости се во тек.. Направете посен колач со мармалад и кокос и засладете се без грижа на совест.

Вкусен посен десерт кој лесно се подготвува.

Потребни состојки:

300мл. Газирана вода

120мл. Масло за јадење

1 Ќесичка пециво

100гр. Кокос

250гр. Брашно

200гр. Шеќер

2 Супени лажици какао

2 Лажици мармалад

Мармалад за премачкување

Начин на подготовка:

  • Во длабок сад ставете ги и измешајте ги шеќерот, водата, маслото, брашното и пецивото се додека не се добие смеса.
  • Потоа додадете го кокосот, какаото, 2 две лажици мармалад и добро промешајте.
  • Префлете ја смесате го во калап и печете 15-20 минути на температура од 200 степен.
  • Кога ќе биде готово оставете го да се олади 10 минути, па потоа премачкајте го со мармалад.

Имајте пријатно јадење!