Посен десерт: Вкусни коцки кои брзо се прават

Рецепт за вкусен десерт без масло за големиот Велигденски пост.

СОСТОЈКИ:

400 мл. вода 

250 гр. брашно 

1 прашок за пециво 

3 лажици џем 

100 гр. шеќер 

ПРЕЛИВ:

2 лажици какао

50 гр. шеќер 

100 мл. вода 

1 ванилин шеќер

ПОДГОТОВКА:

Загрејте ја рерната на 200 степени, а во меѓувреме изматете шеќер со вода и џем, па брашно и прашок за пециво. 

Не ви е потребен миксер. 

Ставете во тепсија и печете 20-30 минути. 

Сварете ги сите состојки за прелив и ставете преку врелиот колач, па ставете кокос или нешто друго по вкус.