Посакувам љубов која ќе биде толку длабока, дури и морето ќе биде љубоморно

Кога се запознавме, имав чувство дека има нешто во тебе, дека позади тие очи има душа и посакав да те запознаам на едно подлабоко ниво.

Сакам да знам кои се твоите страсти, што те прави среќен и кои се твоите најголема стравови. Искреноста, отвореноста и љубопитноста се зборови кои во последно време се многу важни за мене.

Јас сум отворена книга и заборавам дека другите не се како мене. Па затоа некогаш сум премногу љубопитна во мојата потрага по длабока поврзаност. Сакам да знам повеќе за светот во кој живееме. Сакам да го проширам мојот ум и да ги допре сите делови од универзумот. И сакам да знам се за тебе.

Што има погрешно во поставување прашања?

Ако се исплаши од моите прашања, не се однесувај како да имаш нешто да криеш. Ова е само идеја. Ако ми речеш дека не сакаш да збориш за нешто, ќе се повлечам.

Сакам да знам повеќе за тебе, сакам да знам што те прави поразличен од другите. Сакам да си ја потврдам интуицијата за тебе. Пред да ги поставам прашањата, сакам да знаеш дека слушам се.

Се интересирам затоа што се грижам за тебе, затоа што ти важен дел од мојот живот и се надевам дека тоа нема да се промени. Никој не може да го одземе тоа од мене. Тоа е најдобриот дел од љубопитноста. Без оглед на тоа каде нѐ води животот, без оглед што ќе се случи со нашата љубов, ние двајца секогаш длабоко во нас ќе имаме парче споделена душа.