Порака на денот: Времето е во ваши раце

Дојде уште еден нов ден. Уште еден прекрасен ден. Целосно нови 24 часа ставени на располагање, достапни на сите нас. Тие часови можеме да ги употребиме како што сакаме, зарем не е тоа прекрасно?

Не е важно каде сме биле, ние избираме како ќе се чувствуваме. Ние избираме дали денес ќе носиме радост и насмевка на лицето. Дали ќе го подариме тоа и на другите луѓе и така и на нив да им го разубаваме денот. За мене ова е фантастична можност. 

Замислете само, секој ден кога ќе се разбудите, имате право да го создавате она што вие го сакате. Имате право да изберете каков човек ќе бидете, дали ќе бидете радосни или тажни, дали сакате на другите да им подарите љубов или омраза? Осудување или поддршка? Рамо за плачење или нож во грб? Фасцинантно, навистина фасцинантно!

И јас, секогаш ја бирам добрата страна. Не го избирам тоа затоа што мислам дека ќе добијам нешто за возврат. Го избирам тоа затоа што тоа е неописливо добро чувство. Чувство кога секој ден ќе станеш од кревет и ќе научиш нешто ново. Нешто за себе, нешто за светот. И така, со секои нови 24 часа, ние добиваме нови шанси и нови можности.

Можеме да учиме и преку различните ситуации на работа, дома, па и навидум обичните ситуации на ум. Сѐ е некаква поука. Со радост го прифаќам овој ден кој ми е подарен на мене. Всушност тој ист подарок вие го држите во своите раце. Бидете добро и бидете добри. Времето е во ваши раце!