Порака на денот: Овој момент е сѐ што имаме...

Да. Можеби звучи смешно, можеби мислите дека е клише, но ова е една од најголемите и најпотценетите вистини на светот.

Кога човек е помлад, мисли дека го има целото време на светот, па затоа живее во светот на фантазии: или мечтае за минатото или сонува за иднината.

Но, иднината ја создаваме во овој момент, а овој момент ќе биде дел од минатото по кое толку очајно копнееме.

Но, не живееме ниту во минатото, а иднината сѐ уште не се случила.

Овој момент буквално е сѐ што имаме.

И за да не бидеме од оние луѓе кои на 80 години сфатиле дека не живееле и на својот грб го носат тешкиот товар од вреќата полна со каење, треба да го прегрнеме овој момент и да бидеме благодарни што ја имаме можноста самите да ги испишуваме страниците на нашиот живот.

За повеќе спомени, за повеќе љубов, за повеќе смеа – живејте сега и тука, а не вчера и утре!