Поради дефект, улицата Серава без вода

Поради отстранување дефект, денеска ќе има прекин на водоснабдувањето на улицата Серава 120, информираат од ЈП „Водовод“ – Скопје.

„Ве известуваме дека на 15 март (четврток), поради уличен дефект ф2 на улицата Серава 120,  корисниците од ул. Серава ќе имаат  прекинато водоснабдување од 9 до 15 часот“, соопштија од ЈП „Водовод“ – Скопје.